Фото: Pexels / Valeria Boltneva

Истражување покажа која сексуална фантазија би сакале да ја остварат многу жени

Апликацијата „Пјур“ неодамна спроведе анкета во која учествуваа 3.000 жени. Целта била да се открие која сексуална фантазија би сакале да ја реализираат.

Имено, дури 35 отсто од жените се заинтересирани за оргии. Сексологот Џиџи Енгл откри за „Метро.ко“ зошто често фантазираат за оргии. Таа тврди дека оргиите се практикуваат уште од почетокот на човештвото.

„Најпопуларните оргии во историјата се веројатно баханалиите, фестивалите на кои се славел богот на виното Дионис и пролетната жетва“, рекла таа.

Таа тврди дека оргиите се интересни за жените бидејќи можат да го истражуваат егзибиционизмот и воајеризмот.

„Чист хедонизам е да се вклучиш во оваа активност и да ја ослободиш својата похотлива, животинска страна. Оргиите се табу. Во општеството, лудо нешто е да се има оргија. Тоа може да биде навистина возбудливо“, додала Џиџи.

По оргиите, грубиот секс е на оваа листа. Имено, 32 отсто од жените изјавиле дека би сакале да го пробаат. Секако, експертите напоменуваат дека тоа мора да се практикува со взаемна согласност, исто како и другите видови на секс.

Понатаму, 20 отсто од жените рекле дека сакаат да експериментираат со играње улоги. Ова може да варира од носење секси костими до преправање дека се сосема различни луѓе. Други популарни желби што жените ги кријат ја вклучуваат фантазијата за секс на јавно место, како на пример користење секс играчки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот