Истрагата покажа дека гувернерот на Њујорк, сексуално вознемирувал жени

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, сексуално малтретирал неколку жени, вклучително и вработени во неговата канцеларија, и со тоа ги прекршил државните и федералните закони, се наведува во наодите на истрагата на државното обвинителство.

Истрагата утврди дека Куомо сексуално ги малтретирал сегашните и поранешните владини вработени. Исто така, беше утврдено дека гувернерот и неговиот тим се одмаздија на поранешниот вработен кој излезе со обвинувањата во јавноста, пренесува NBC News.

Несоодветно допирање и бакнување без согласност на другата страна

„Гувернерот Куомо сексуално малтретираше неколку жени“, рече денеска јавниот обвинител Летиција Џејмс.

Куомо, кој сега го отслужува својот трет мандат, постојано ги негираше обвинувањата за сексуално вознемирување. Меѓу обвиненијата имало и наводи за несоодветно допирање и бакнување без согласност на другата страна.

Куомо призна дека можеби се однесувал на начин што направил некои луѓе да се чувствуваат непријатно. Тој рече дека тоа не го направил намерно и се извини. Подоцна додаде дека неговите постапки не треба да се класифицираат како сексуално вознемирување.

Тој постојано нагласува дека нема намера да поднесе оставка поради обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот