Истрага за пронајдено оружје и муниција во Жабени

Фото: илустрација

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „Застава“ со калибар 6,35 мм и шест куршуми за тој пиштол. При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните.

Надлежниот јавен обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот