Историски рекорди на Дончиќ и Картер (ВИДЕО)

twitter/Dallas Mavericks

Кошаркарот на Далас повторно оствари трипл-дабл и постави клупски рекорд.

Словенецот одигра уште една фантастична партија но не успеа да му помогне на Далас да го совлада Шарлот (120:123), но притоа постави клупски рекорд.
Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, и стана првиот кошаркар во историјата на Далас маверикс кој има 10 трипл-дабл остварувања во една сезона.


За Далас ова беше 13-ти сезонски пораз, има и 22 победи и е на шестото место ов Западната конференција. Шарлот е на деветтото место на Исток.


Додека Дончиќ соборува клупски рекорди, Винс Картер поставува рекорди во целата НБА лига. Кошаркарот на Атланта хоукс се појави на теренот против Индијана и стана првиот кошаркар во историјата кој одиграл барем по една минута во четири декади.

 

Винс Картер кариерата ја започна 1998 година кога деше драфтуван од Торонто, а во 22 години долгата кариера има настапувано и за екипите на Њу Џерси, Орландо, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

 

Резултати:
Бруклин – Торонто 102:121
Орландо – Јута 96:109
Атланта – Индијана 116:111
Кливленд – Оклахома сити 106:121
Чикаго – Бостон 104:111
Вашингтон – Денвер 128:114
Далас – Шарлот 120:123
Голден Стејт – Детроит 104:111
Милвоки – Сан Антонио 127:118
Сакраменто – Њу Орлеанс 115:117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот