Историски пресврт на „кралевите“ во НБА (ВИДЕО)

Никогаш досега една екипа не успеала да надополни негатива од 17 поени во последните три минути од натпреварот.

Во уште една тажна ноќ преполна во сеќавања на Кби Брајант, Бади Хилд во чест на својот идол постигна 42 поени и е најзаслужен за историскиот пресврт на Сакраменто над Минесота кој по продолжението славеше со 133:129.
Досега ниту еднаш во историјата не се случило екипа да губи со 17 поени разлика на три минути до крајот и потоа да дојде до победата.

Покрај Хилд, одлична партија прикажа и Немања Бјелица кој натпреварот го заврши со 20 поени, 9 скокови и 8 асистенции. Кај Минесота, Ендрју Вигинс постигна 36 поени.


Лука Дончиќ одигра уште еден натпревар и го предводеше Далас до победата од 107:97 над Оклахома сити. Одличниот Словенец средбата ја заврши со 29 поени и 11 скокови.

Во дербито на Флорида, Мајами со 113:92 го победи Орландо, а во главната улога беше Бам Адебајо со трипл-дабл од 20 поени и по 10 скокови и асистенции.

 

Резултати:
Детроит – Кливленд 100:115
Мајами – Орландо 113:92
Чикаго – Сан Антонио 110:109
Минесота – Сакраменто 129:133
Оклахома сити – Далас 97:107
Јута – Хјустон 117:126

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот