Историска пресуда во Шпанија поради местење натпревари

фото: твитер

Директор на Осасуна доби осум години затвор, а по една година добија двајца поранешни играчи на Бетис.

Пет поранешни функционери на Осасуна, двајца поранешни играчи на Бетис, како и двајца бизнисмени, Судот во Навара ги прогласи за виновни и им одреди затворска казна за низа обвинувања за корупција, измама и местење натпревари, пренесуваат странските медиуми.

Најголемата затворска казна ја доби поранешниот директор на клубот од Памплона, Анхел Вискај, осум години и осум месеци, за обвинувања кои вклучуваат нелегално вработување, фалсификување сметки и спортска корупција.

Голема истрага беше започната откако се појави сомнение во регуларноста на натпреварот помеѓу Осасуна и Бетис одигран на крајот од сезоната 2013/2014, мечот заврши со победа на тимот од Памплона со 2:1, со што клубот во последен час го задржа елитниот статус, но потоа се откри дека е наместено.

Двајца тогашни играчи на Бетис, Антонио Амаја и Чаби Торес завршија на обвинителна клупа поради сомнението дека примија пари да „помогнат“ во триумфот на Осасуна, поради што Судот им изрече по една година затвор.

Истрагата утврди дека директорите на Осасуна тогаш парично го мотивираа споменатото дуо од Бетис и во претпоследното коло го совладаат Реал Ваљадолид.

Ова е инаку првпат во шпански суд едно или повеќе лица да добијат затворска казна  поради местење натпревари.

Двајца агенти за недвижнини се исто така осудени за фалсификување и осудени се на девет месеци затвор. Сите обвинети имаат право на жалба во рок од два месеци од изрекувањето на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот