Историска победа на Бадел 1862 во регионалната ВАБА лига

По двата порази на домашен терен, македонскиот женски кошаркарски клуб Бадел 1862 во својот трет настап сезонава во регионалната ВАБА лига триумфираше на гостувањето во Босна и Херцеговина кај Бановичи со резултат 57:70.
„Баделки“ се првата екипа во нашата женска кошарка која запишаа триумф во оваа сениорска конкуренција од Јадранската лига.
На денешната средба тргнаа доста добро, во уводниот период веќе имаа двоцифрена предност (18:6), која до полувремето ја зголемија, односно водеа со 38:20.
Тоа беше најава дека кошаркарките во „сино-жолта“ комбинација се уверени во историскиот триумф. Во продолжението, играта беше доста поизедначена, што во принцип и беше сосема доволно за кошаркарките на Бадел 1862 ја одбранат предноста од првиот дел, и да стигнат до толку посакуваната победа.
До триумфот ги водеше Кметовска со 24 поени и шест скока, Стојановски запиша 18 поени, четири скока и две асистенции, а Димовска пак запиша „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 10 скокови, плус три асистенции.