Лукас Пињеиро Братен/EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Историја во алпското скијање: Кристален глобус за првпат заврши во Јужна Америка

Во норвешкиот зимски центар Лилехамер денеска се возеше последната велеслаломска трка од финалето на Светскиот куп во алпско скијање, по која беше испишана нова страница во историјата на овој спорт.

До победата во финалниот велеслалом стигна Лукас Пињеиро Братен, кој со овој триумф го потврди освојувањето на Малиот кристален глобус во дисциплината. Со тоа, тој официјално стана најдобар велеслаломец во светот за оваа сезона.

Она што го прави неговиот успех уште поголем е фактот што Братен стана првиот скијач кој освоил кристален глобус настапувајќи под знамето на некоја јужноамериканска држава.

Сепак, вреди да се напомене дека Браатен е роден и израснат во Норвешка, за која настапуваше до пред две години, кога реши да ги брани боите на Бразил, татковината на неговата мајка.

Во денешната трка, тој зад себе ги остави Лоик Мејар од Швајцарија, кој заостана 58 стотинки, како и Норвежанецот Атле Лие Мекграт, кој имаше 87 стотинки послабо време.

Сезоната во велеслалом Братен ја заврши со 547 бодови, пред Марко Одермат со 495, додека Мејар собра 486 поени.

Во генералниот пласман за Големиот кристален глобус, води Одермат со 1.626 бодови, додека Братен е втор со 1.058 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот