Исмаили: Граѓаните незадоволни од начинот на кој Курти го води Косово

Албин Курти/Фото: Armend NIMANI / AFP / Profimedia

Пратеникот на ДПК, Уран Исмаили, изјави дека повеќе од 50 отсто од граѓаните се незадоволни од начинот на кој Косово го води Владата на Албин Курти, пренесува Дукаџини.
Исмаили посочува дека истражувањето на ДПК покажало дека граѓаните се незадоволни од економската стагнација и високите цени на основните производи.

„Мнозинството граѓани веруваат дека Косово е на погрешен пат. Некои се противат на економската стагнација, некои на високите цени. Повеќе од 50 отсто се незадоволни од патот по кој оди Косово, што покажува дека „чуварот“ кому му е доверен правецот на Косово има недоволен рејтинг“, вели Исмаили.

Според него, владата на Курти постигнала најмал успех од сите претходни влади на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот