Исланд спроведува масовно тестирање на Ковид-19

Земјата е единствена која врши тестирање во општата популација, а не само кај потенцијално заболените.

Исланд спроведува масовни тестирања на новиот коронавирус, со кои се опфатени и оние кои не покажуваат симптоми на болеста.

Земјата процентуално, има најголем број тестирани во светот и е единствена која врши тестирање во општата популација, а не само кај потенцијално заболените.

Исландската истражувачка медицинска компанија Декод Џенетикс се понуди да спроведе масовни тестирања за да се добие увид во процентуалната застапеност на заболените во популацијата. Масовното тестирање почна во петокот.

Раната фаза на тестирањето покажа дека мал број луѓе на Исланд се заразени и дека половина од нив не покажуваат никакви симптоми, а другата половина покажува симптоми налик на благ грип.

Од 3787 лица тестирани на Исланд, 218 се позитивни на тестот. Најмалку половина од заразените биле надвор од земјата и тоа, најчесто, во подрачјата со висок ризик на Алпите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот