Исланд / Фото: pexels-rudy-kirchner

Исланд ја надмина Швајцарија, повторно е најскапа земја за живеење во светот

Трошоците за живот во Исланд ги надминаа оние во Швајцарија, а оваа земја повторно стана најскапа во светот, покажуваат податоците на Евростат и Централната банка на Исланд.

Нивото на цените во земјата на огнот и мразот сега го надминува она на Швајцарија за три процентни поени, изјави Вилјалмур Хилмарсон, економист во синдикатот на работници „Виска“, кој користел податоци од статистичкото тело на Евростат и исландската централна банка. Цените во Исланд последен пат ги надминаа цените на Швајцарија во 2018 година

Тој истакна дека овие податоци се уште една причина зошто финансиската прифатливост на животот во Исланд е проблематична. Високите плати, економијата базирана на силен туризам, скапите недвижности и зависноста од увоз придонесоа оваа земја да биде најскапа за живеење во светот.

Проценката на синдикатот се базира на меѓународна споредба на цените – цените на истите производи и услуги во различни земји, објави Свисинфо.цх.

ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра за опасни играчки за бебиња и неисправни полначи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот