Исчистете ги плочките на терасата до последната честичка: Без хемикалии – потребно ви е само обично средство од кујната!

Фото: Профимедиа

Земете кофа, наполнете ја со 5-6 литри вода, а во неа додадете 100 мл од ова евтино средство од кујната…

Пристигна пролетта, убавото време и сега е вистинскиот момент вашата тераса да заблеска, особено доколку уживате седејќи на неа, доколку таму го пиете вашето кафе или пак простирате алишта…

Отворените тераси преку зима собираат многу валкани нешта, подари дождовите, надворешната прашина, загадувањето…а експертите советуваат длабински да ги исчистите во текот на пролетта кога времето станува убаво. Потребно ви е само едно евтино средство од кујната.

Плочките инаку се чистат со детергент, односно со средство за чистење на плочки или пак со сјај, така што со него можете да ги истриете плочките од време на време, но длабинското чистење се прави сосема поинаку!

Земете кофа и наполнете ја со 5-6 литри вода и во неа додадете 100 мл бел оцет и со тој раствор добро истријте ги плочките, користејќи четка.

Потоа оставете околу 15 минути, за оцетот да делува подлабински, и исплакнете ја убаво терасата. За подолг сјај и свежина, можете да ги исушите плочките со сува крпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот