Исчезнат тетовец е пронајден убиен во нива, некој го застрелал во неговиот џип
Попладнево е пронајдено телото на 42-годишен жител на Тетово, чијашто сопруга пријавила дека вчера во 18 часот излегол од дома и оттогаш не се јавувал на телефон. Според првичните информации од МВР, човекот бил пронајден застрелан во неговиот џип „Ауди“ во околината на градот.
Препорачано
„Утрово во 2 часот во СВР Тетово Б.Б.(33) пријавила дека вчера околу 18.00 часот нејзиниот сопруг А.Б.(42) се оддалечил од домот со патничко со моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици. Денес околу 16:15 часот во ниви во атарот на селото Нераште, полициски службеници од Полициско одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице, кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата било облеано во крв, со првично сомневање дека било застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


