Ирвинг сака да ја напушти НБА и да формира своја лига

EPA-EFE/JASON SZENES

Бекот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг е еден од најгласните за бојкот на сезоната во НБА лигата поради расизмот и ги повикува кошаркарите да земат активно учество во протестите ширум САД.

Заедно со свои истомисленици помеѓу колегите во НБА, во женската ВНБА лига како и од светот на шоубизнисот се обидува да покрене иницијатива која ќе го преиспита продолжението на лигата во Орландо бидејќи така ќе се одвлече вниманието од протестите.

Неговата идеја не наиде на преголемо воодушевување кај кошаркарите бидејќи поголемиот дел од нив сметаат дека токму со продолжението на сезоната ќе имаат поголемо влијание на борбата со расизмот.

EPA-EFE/WU HONG

НБА лигата ќе биде единствениот професионален спорт кој ќе се игра во САД и како таков ќе има голема гледаност и со тоа ќе им се овоможи на играчите нивниот глас во борбата против расизмот да биде слушнат од милиони фанови и жители на САД.

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO
Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Тие исто така му замеруваат на Ирвинг дека е дволичен бидејќи е еден од најдоброплатените играчи во НБА лигата и нема никакви финансиски проблеми, а во исто време бара од кошаркарите кои имаат 20-30 пати помали плати од него да се откажат од своите примања.

Ирвинг откако не наиде на поддршка кај колегите, има нова идеја, тој на соиграчите на Бруклин нетс им предложил да покренат сопствена лига, пишува „New York Daily News“.

Ваквата идеја наиде на помешани реакции кај кошаркарите, едни го подржуваат но многу повеќе се противници на овој предлог. Мет Барнс, поранешниот НБА кошаркар кој заедно со Стивен Џексон, исто така поранешен кошаркар се домаќини на подкастот „All the Smoke“, смета дека Кајри Ирвинг е лицемер.

„Кајри треба да прекине да с**е бидејќи колку што слушнав јас, тој сакаше да оди во Орландо заедно со својот тим, но откако не му дозволија бидејќи е повреден и така сакаат да го заштитат од коронавирусот – тој ја смени плочата. Кајри сега зборува за откажување на сезоната. Ги почитувам играчите кои не сакаат да играат поради коронавирусот и се плашат да не го заразат семејството, но доколку причината е некакво движење тогаш мора да ја преземе одговорноста“, рече Барнс.

Според медиумите, Кајри Ирвинг откако не добил поддршка за неговите идеи и предлози, ги напуштил сите груши на социјалните мрежи во кои комуницираше со останатите НБА кошаркари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот