Ирина Шајк открива детали за родителството со Бредли Купер: Не можев да сонувам за подобар татко за моето дете

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Манекенката Ирина Шајк проговори каков однос има со нејзиниот поранешен партнер актерот Бредли Купер и како ги балансираат работните обврски со грижата за нивното дете, шестгодишната ќерка Ли.

Таа во интервју за магазинот „Ел“ вели дека иако и двајцата имаат напорен распоред, за неа и за Бредли семејството е на прво место.

„Секогаш наоѓаме начин. Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“, изјави Ирина.

Вели дека ќерката ја носат заедно со себе каде и да треба. Ирина додаде и дека понекогаш ја носи ќерката со себе на работа.

„Со неа е супер лесно. Пред два дена морав да одам во теретана, па ѝ зедов боенка, па ѝреков: ‘Мама вежба’. Таа црташе еден час, а потоа отидовме на пробата на Мајкл Корс. Ги запозна сите девојки“, открива Ирина.

„Гледајќи ја ќерка ми, таа расте во сосема поинаква средина. Таа живее во Вест Вилиџ, патувала во многу држави во последните два месеци, но сакаме да знае колку вредат работите. Сакаме да и покажеме дека мора да се потруди за да добие нешто“, вели Ирина.

Инаку, Ирина и Бредли раскинаа во 2019 година, но останаа во добри односи поради нивната ќерка. Смејството годинава замина и на заеднички одмор. По нивното раскинување се пишуваше дека и двајцата продолжиле понатаму и си нашле нови партнери, но Ирина не сака јавно да зборува за тоа.

„Ги споделувам моите деловни работи затоа што решив да го задржам мојот приватен живот подалеку од јавноста. Ако еден ден почувствувам желба да го споделам тоа, ќе го направам тоа“, рече таа.

ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!

ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот