ИРИ: Заев ужива поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Според истражувањето спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), претседателот на СДСМ Зоран Заев ужива поголема доверба од граѓаните, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев”, а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот