Иранските медиуми објавија за напад врз американската база во Сирија
Иранската новинска агенција „Мехр“ објави за напад врз американската воена база во Хасака, североисточна Сирија, денеска попладне, повикувајќи се на извори, без да прецизира кој ја нападнал американската база.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Агенцијата пренесува дека информирани извори изјавиле дека нападот бил извршен врз американска база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака.
Станува збор за американската база Касрак, која ја има најдолгата писта изградена од американските сили во Сирија, долга околу 1,7 километри.
По нападот, истите извори соопштија дека на главниот влез во базата биле воведени засилени безбедносни мерки.
Според извори на арапската новинска агенција Ал Маалома, инцидентот се случил утрово кога објектот бил нападнат со минофрлачка граната. Се наведува дека засега нема информации кој го испукал и од каде дошол.
Се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на готовност, неколку американски хеликоптери биле подигнати, а американски војници ја пребарувале областа околу објектот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
1час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


