Каш Пател, директор на ФБИ/Фото: EPA-EFE/ANNA ROSE LAYDEN

Ирански хакери му го пробиле мејлот на шефот на ФБИ, Кеш Пател

Хакерска група поврзана со Иран објави дека успеала да упадне во приватната електронска пошта на директорот на ФБИ, Кеш Пател, при што на интернет биле споделени негови фотографии и други документи.

Хакери од Иран ја пробиле приватната електонска пошта на ФБИ Каш Пател – Извор Х

Претставник на американското Министерство за правда потврди дека електронската пошта на Пател била компромитирана и дека објавениот материјал делува автентично, пренесува Ројтерс.

Хакерската група „Handala Hack Team“ на својата веб-страница наведе дека Пател „сега ќе го најде своето име на списокот на успешно хакирани жртви“. Од ФБИ засега нема официјален одговор, а хакерите исто така не одговориле на новинарските прашања.

Групата „Handala“, која се претставува како пропалестинска хактивистичка организација, според западни истражители е една од неколкуте структури зад кои стојат единици на иранската влада за кибернетичко разузнавање.

Таа неодамна, на 11 март, презеде одговорност за напад врз компанијата Страјкер, добавувач на медицинска опрема и услуги од Мичиген, тврдејќи дека избришала голема количина податоци.

Автентичноста на објавените материјали сè уште не е целосно потврдена. Ројтерс наведува дека не можел независно да ги верификува електронските пораки. Сепак, приватната „Гмаил-адреса“ што наводно била хакирана се совпаѓа со адреса која претходно била поврзувана со Пател во други протекувања на податоци, евидентирани од компанијата „Дистрикт 4 лабс“. Прегледаниот дел од објавениот материјал покажува комбинација од лична и службена кореспонденција од периодот меѓу 2010 и 2019 година, наведува агенцијата.

Ирански хакери им ги укочија компјутерите на албанските пратеници, им оставија порака: „Поблиску сме одошто мислите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот