Ирански хакери им ги укочија компјутерите на албанските пратеници, им оставија порака: „Поблиску сме одошто мислите“
Албанскиот парламент денеска се соочи со сајбер напад врз информатичкиот систем, објави „Вокс њуз“.
Препорачано
Според информациите, администрацијата и пратениците од утрово воопшто немаат пристап до компјутерите и до електронската пошта.
По ова реагираше и Националната управа за сајбер безбедност.
„Денеска беше пријавен сајбер напад поврзан со електронската пошта на албанскиот парламент. Националната управа за сајбер безбедност формираше работна група за анализа на случајот, а тимови се на терен и спроведуваат техничка анализа, како и ги преземаат неопходните чекори во врска со оваа ситуација. Повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на техничката проценка“, се наведува во одговорот на Собранието.
„Ги имаме сите разговори на корумпираните пратеници“
Во пораката објавена на веб-страницата на албанскиот парламент, хакерската група тврди дека во нејзини раце се наоѓаат сите разговори и преписки на, како што наведуваат, „корумпираните пратеници“ од изминатите неколку месеци.
„Ние сме многу поблиску до вас отколку што мислите. Дали навистина им дадовте засолниште на тие убијци на деца? Ќе се погрижиме овој срам да ве следи засекогаш“, стои во пораката објавена на насловната страница на парламентот.
Веб-страницата се врати во нормала
Во меѓувреме, попладнево веб-страницата на албанскиот парламент повторно функционира нормално.
Албанија во септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, обвинувајќи го Техеран за масовен сајбер напад врз државните институции извршен во текот на летото истата година.
На почетокот на месецов се појави и информација дека иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) разгледува можност за напад врз кампот на Народните муџахедини на Иран (МЕК) во Албанија.
По овие тврдења реагираше портпаролот на организацијата, Шахријар Киа, кој ја отфрли можноста за напад врз Албанија, оценувајќи дека станува збор за пропаганда на иранскиот режим. Според него, дури и од технички аспект е невозможно ракети лансирани од Иран да стигнат до Албанија.
Во комплексот Ашраф-3, лоциран во селото Манза во близина на Драч, од 2013 година живеат повеќе од 3.000 припадници на МЕК.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера ги коментираше и најновите случувања на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Албанија, како членка на НАТО, е безбедна.
Иран може да ја нападне базата на ирански дисиденти во Албанија?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
26мин
-
34мин
-
48мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
Студијата за ризици е единствената гаранција за безбедност при градење на Водно, вели деканот на Градежен, Јосиф Јосифовски
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Прочитајте повеќе
СП. Видео
ВИДЕО | Што ни открија двајца таротолози кога ги прашавме: „Има ли вистина во картите или сè е само игра?“
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Пред да спакувате школки или песок за дома, проверете ги правилата — казните за овие „сувенири“ достигнуваат и до …


