Фото: Profimedia

Иран му испрати „испеглан“ мировен предлог на Трамп

Пакистан споделил со САД ревидиран предлог од Иран за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, изјави денеска пакистански извор за „Ројтерс“, додека мировните преговори, како што изгледа, остануваат во застој.

– Немаме многу време – рече изворот, запрашан дали ќе биде потребно време за да се надминат разликите, додавајќи дека двете земји „постојано ги менуваат условите“.

Ова следува откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја заостри својата реторика против Техеран, упатувајќи нова директна воена закана преку неговата социјална мрежа.

– Часовникот отчукува за Иран и подобро да се придвижат, брзо, или нема да остане ништо од нив. Времето е од суштинско значење! – рече Трамп.

Оваа изјава дојде веднаш по неговото враќање од посетата на Пекинг и дава сигнал дека дипломатските напори за решавање на кризата во Ормускиот Теснец се во целосен застој.

Трамп го напиша ова неколку часа откако објави драматична фотографија генерирана од вештачка интелигенција, на која позира на предниот дел од воен брод под темно небо со молњи, со пораката „Беше затишје пред бурата“.

Израел изградил две воени бази во Ирак и со месеци ги чувал во тајност за да врши операции против Иран

Серијата агресивни пораки во краток временски период, според аналитичарите, служи како директен притисок врз иранското раководство, но и како подготовка за американската јавност за евентуалното пропаѓање на прекинот на огнот што стапи на сила на 7 април.

Зад сцената на вербалните закани на социјалните мрежи, на терен се одвиваат конкретни воени маневри. Како што претходно објави Њујорк тајмс, помошниците на Трамп веќе изготвија оперативни планови за враќање на воздушните напади доколку Белата куќа реши да го прекине сегашниот ќорсокак. Пентагон бргу планира опции за продолжување на голема воена операција.

Според информациите откриени од претставници на Блискиот Исток, САД и Израел ги спроведуваат најголемите логистички подготовки откако беше прогласен прекинот на огнот, а потенцијалните напади би можеле да започнат веќе следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот