Иран го осудил на смрт својот најдобар фудбалер во историјата?

Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи (53) е осуден на смрт, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Даеи наводно бил осуден за учество во протестите за смртта на Махса Амини, 22-годишната Курдка која беше уапсена затоа што го прекршила кодексот на облекувањата на земјата. Смртта на Амини беше објавена на 16. септември. Засега од иранската држава не ги коментираат информациите за Даеи.

Инаку, Али Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. Претходно поради протестите му беше одземен пасошот. Тогаш неговиот брат Мохамед се огласи на социјалните мрежи.

„Неверојатно е тоа што му се слува на Али. Целиот свој живот го даде за да го подигне иранското знаме, тој е човек што ја сака својата земја и народот кој живее тука“, истакна тогаш Мохамед.

За репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна 109 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот