Иран ги испрати црните кутии од соборениот украински авион во Франција
Властите во Техеран ги испратија „црните кутии” од украинскиот патнички авион, што иранските воени сили ненамерно го соборија на 8 јануари, во Франција за анализа.
Препорачано
За време на зголемената борбена готовност поради конфронтацијата меѓу Иран и САД, силите на Иранската револуционерна гарда гаѓале со проектили во авионот на една украинска авиокомпанија, сметајќи дека станува збор за непријателска цел. Во несреќата загинаа повеќе од 170 патници на тој авион.
– „Црните кутии” вчера беа предадени во Париз од официјални претставници на цивилното воздухопловство и еден судија, изјави Мохсен Бахарванд, заменик министер за надворешни работи на Иран задолжен за меѓународни и правни работи, за иранската новинска агенција ИЛНА.
Тој додаде дека читањето на податоците за летот, складирани во „црни кутии”, во Франција ќе започне во понеделник. Притоа ја пофали француската Влада за нејзината „многу добра соработка со иранската делегација”.
Француската агенција за истражување авионски несреќи, БЕА, има репутација на една од водечките во светот кога станува збор за читање податоци од „црните кутии”
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
19мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


