Иран е подготвен да ја прошири соработката со Русија во развојот на „мирната“ нуклеарна енергија

Знаме на Иран / Фото: МИА

Иран е подготвен да ја прошири соработката со Русија во енергетскиот сектор, вклучувајќи го и развојот на „мирната“ нуклеарна енергија, изјави иранскиот министер за економија Ехсан Хандузи во интервју за руската новинска агенција РИА.

„Можностите за соработка на полето на „новата енергија“ и обновливите извори на енергија, како и на полето на другите видови енергија, вклучително и мирољубивата нуклеарна енергија, секако предизвикуваат голем интерес и мотив за проширување на економските односи со Русија“, вели Хандузи.

Иран и Русија соработуваат во изградбата на иранската нуклеарна централа Бушер. Русија почна да испраќа нуклеарно гориво до Бушер кон крајот на 2007 година, потег за кој и Вашингтон и Москва рекоа дека ја отстрани секоја потреба Иран да има своја програма за збогатување ураниум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот