Милан продаден на американските инвеститори „РедБрд Капитал Партнерс“/ фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Инвестицискиот фонд од Бахреин се откажа од купување на Милан

Извршниот претседател на инвестицискиот фонд „Инвесткорп“, Мохамед Ал Арди, изјави дека се откажува од купување на Милан. „Инвесткорп“ беше првиот сериозен купувач на новиот италијански шампион Милан, но на крајот првиот човек одлучи да се откаже од таквата намера.

Причината за повлекувањето е неможноста да најде заеднички јазик со актуелните сопственици на Милан, инвестицискиот фонд од САД, „Елиот“.

– Имавме разговори со сопствениците на Милан, но не успеавме да најдеме заеднички јазик и одлучивме да се повлече од преговорите – изјави Ал Арди.

Фондот од Бахреин понуди 800 милиони евра во готовина за купување на Милан и дополителни  400 милиони евра со кои би се платиле долговите на „росонерите“ кон банките, но актуелниот сопственик бараше повеќе пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот