Интервју со младата пејачка Олгица Шапковска: Не е важен изгледот, важно е чувството кое го изразувам преку песната!

Младата пејачка Олгица Шапкоска беше вистинско освежување на овогодинешното 35. издание на реномираниот музички фестивал „Макфест“, кој традицонално се одржа во Штип. Олгица на фестивалот настапи со композицијата „Срце во карантин“, дело на Кире Костов и Миодраг Врчаковски.

Со младата пејачка поразговаравме за нејзините впечатоци од фестивалот, за нејзините идни планови и слично…

СП: Поминаа неколку недели од твојот настап на фестивалот „Макфест“. Какви се твоите импресии, со оглед на тоа дека тоа беше твое прво јавно преставување на голема сцена?

– Ова важи за секој музичар… Мислам дека нема поубаво чувсто од тоа да се настапува на голема и добра сцена. Тоа беше мој прв настап од таков карактер и сум многу задоволна, си поминав одлично.

СП: Твојот настап помина одлично, многумина ја пофалија твојата песна, но и твојот изглед. Ти годат коментарите дека беше една од позгодните пејачки на фестивалот?

– Па да, коментарите беа доста позитивни, но безразлика на мојот надворешен изглед, најважно е чувството што го изразувам преку самата песна. Публиката реагираше задоволувачки и многу ми е драго за тоа.

СП:  Кој е тимот кој работеше на твојата песна?

– Аранзманот и музиката се дело на нашиот познат и ценет композитор Кире Костов, а текстот го пишуваше Миодраг Врчаковски.

СП: Што е следно после „Макфест“, веруваме дека нема да застанеш тука…

– Следно сакам да одам на фестивали надвор од нашата држава, но во зависност од моментот кој ни налага односно ситуацијата со вирусот.

СП: Која е Олгица приватно, со што се занимаваш покрај пеењето?

– Покрај пеењето имам доста други активности кои се дел од моето секојдневие. Во тек сум со студиите, работам и се осамостојувам. Тие што ми се блиски, знаат дека сум личност што сака да врви доста време сама со себе. Исто така читам старогрчка литература, некои дела од најголемите духовни учители односно да копам во спиритуалната историја на човекот, бидејки сум доста љубопитна во полето на духовноста.

СП: Ја следиш ли македонската естрада? Ако можеш да избереш, чија кариера би сакала да биде твоја?

– Не сум целосно во тек, но секако ја следам… Не би избирала ничија кариера. Секој од нас е индивидуа и треба да даде свој печат, енергија, посебност преку тоа што се изразува.

СП: Што би променила на македонската сцена ако имаш таква моќ?

– Немам одговор.

СП:  Со кого би сакала да снимиш дует ?

– Немам одговор.

СП: Како си ја замислуваш твојата кариера, каде се гледаш за 10 години од сега?

– Како секојдневно еволуираме на секој можен начин, така и се менува нашот начин на размислување, ги гледаме од поразлична перспектива, така да во моментот немам конкретен одговор.

СП: Кога ќе ја слушнеме следната твоја песна?

– Се надевам за скоро време…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот