Интервју со Атанас Атанасовски: Пробувам да бидам строг татко, но децата не ме сфаќаат сериозно
Со десетици улоги зад себе, на театарската сцена и на филм, многубројни стендап настапи и настапи на Златна бубамара на популарноста, актерот Атанас Атанасовски години наназад е дел од театарот „Комедија“.
Препорачано
Со Атанас, разговараме во интервјуто за „Слободен печат“ .
Летово е во полн ек, како го поминуваш? Освен работно, што правиш кога сакаш да се одмориш од сè?
– Имам од оние долги дремки среде ден кога се будиш и кога не знаеш дали е утро, дали е ноќ и кога си со измешани чувства: едното е грижа на совест дека имаш 89 пропуштени повици, а другото е чувството да не си пропуштил нешто.
Во најава е вашето прво шоу во Берлин и во Хамбург. За што станува збор?
– Се случува турнеја во Германија. Предобра вест. Неколку градови се пријавени како места за настапување. Има интерес од Македонците што живеат таму, картите веќе се продадени. И искрено, едвај чекам!
За вашите стендап настапи секогаш се бара карта повеќе. На што се должи таа популарност?
– Искрено не знам!

Како се носите со ситуации кога публика не се смее? Плус, комедијата е најтежок жанр, како е да се смееш и кога не ти е до смеење?
– Има и такви денови кога публиката не се смее. Некогаш е така, ама следниот пат ќе биде подобро! А, како е да се смееш и кога не ти е до смеење… Тоа е нешто што и јас уште го учам!
Кога не си на работа, каков е Атанас приватно?
– Цело време сум на работа.
Верувам дека сега сè се врти околу Павле и Една. Дали си строг татко?
– Пробувам да бидам строг татко, но децата не ме сфаќаат сериозно!

Знаат ли децата дека си јавна личност иако пак тие реагираат на тоа?
– Моите деца мислат дека сум доктор!
Дали си од оние мажи што готват, се вртиш ли во кујната?
– Кујната не е само за готвење…
Освен глумата која е твоја професија, имаш ли некаква пасија, хоби…
– Читање коментари на Фејсбук.

Твојата „бизнис-врска“ со Тино е одамна раскажана приказна, но како сега гледаш на вашето и пријателство и колегијалност?
– Искрено, капитализмот нè уништи и повеќе нема ни пријателство ни колегијалност, само интерес.
Од септември што да очекуваме во театар Комедија?
– Редовен репертоар и некои нови претстави.


