Интервју од 2003 година можеби го открива идентитетот на Бенкси

Бенкси / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Прославениот уличен уметник од Бристол, Бенкси, навидум го открил своето вистинско име во новооткриено интервју од 2003 година.

Интервјуто кое никогаш не било објавено до сега, се сподели за прв пат како дел од специјалната епизода што се емитува за „Приказната на Бенкси“ на Би-Би-Си Радио 4.

Познатиот уметник, кој со децении остана анонимен, разговарал со поранешниот дописник на Би-Би-Си за уметност, Најџел Вренч, за да го одбележи почетокот на шоуто на Бенкси во 2003 година во источен Лондон.

Вренч прашал дали може да го користи вистинското име на Бенкси во интервјуто, наведувајќи дека весникот Индипендент веќе го користел во минатото, барајќи од уметникот да потврди дали неговото име е Роберт Бенкс.

„Тоа е Роби“, појаснил Бенкси.

Еден од најпознатите уметници на нашиот век се издигна преку серијата графити кои се појавиле на зградите низ Британија, често обележани со сатиричните теми, пишува Еуроњуз.

Тој отсекогаш избирал да го задржи својот идентитет непознат, начин да му дозволи да ја продолжи својата уметност без ограничување на славата. Тоа е анонимност која му служи и како средство за заштита од полициско гонење.

Во текот на годините имало многу шпекулации за тоа кој би можел да биде озлогласениот уличен уметник. Теориите се многубројни, но некои од нив изгледаат поверодостојни од другите.

Основачот на Масив Атак, Роберт дел Наја, познат и по неговиот псевдоним 3Д, исто така е уличен уметник и е еден од најпопуларните луѓе за кои се тврди дека се всушност Бенкси. Корелацијата помеѓу датумите на концертите на бендот и новите уметнички дела на Бенкси претходно им даде на обожавателите многу причини да веруваат во оваа теорија.

Други сценарија го вклучуваат Џејми Хјулит, ко-основачот на бендот Горилаз; Робин Ганингем, жител на Бристол; Нил Бјукенан, водител на неколку детски уметнички емисии на британската телевизија, кој за време на пандемијата, беше принуден да објави изјава во која ја негира неговата вмешаност со личноста на Бенкси; и можноста тоа да биде колектив на уметници наспроти бенд од еден човек.

Но, сега се чини дека тоа е Роби Бенкс.

Освен ако тоа не е псевдоним. На крајот на краиштата, Бенкси отсекогаш бил неверојатно внимателен во однос на маскирањето на својот идентитет, и мали се шансите дека тој би си дозволил на ваков начин да го сподели својот идентитет, дури и ако интервјуто било пред 20 години.

Сепак, „Роб Бенкс“ звучи премногу уредно со оглед на активистичките склоности на уметникот. Со оглед на сите работи, дали навистина треба да го знаеме вистинскиот идентитет на Бенкси?

Тој може да биде кој било, и можеби тоа е поентата. Анонимноста и мистеријата се два од највиталните делови на брендот на Бенкси, а откривањето на неговиот/нејзиниот идентитет би значело и одземање на главниот начин на уметничко изразување на уметникот (или уметниците).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот