Интернетот се врати во Иран
Пристапот до интернет во Иран почна да се обновува по речиси тримесечна блокада, изјави првиот потпретседател на земјата. Иранската влада го суспендираше пристапот до интернет по нападите на САД и Израел на 28 февруари, а официјалните лица како причина го наведоа спречувањето на надзор, шпионажа и сајбер напади, пишува Би-би-си.
Препорачано
„Првиот чекор кон слободен и регулиран пристап до сајбер-просторот е направен“, објави првиот потпретседател Мохамед Реза Ареф во вторник на социјалната мрежа „Икс“.
Организациите за следење на интернет Нетблокс и Кентик објавија „делумно“ враќање на поврзаноста околу 15 часот денеска, но Кентик предупреди дека повеќето мрежи сè уште се недостапни.
Ова е едно од најдолгите регистрирани национални исклучувања на интернет во светот.
„Претходните дигитални блокади во Иран покажаа дека процесот на закрепнување може да трае со часови и не е толку едноставен како процесот на исклучување“, изјави Исик Матер, директор за истражување во Нетблокс, за Би-би-си.
Пред оваа блокада, Иран имаше целосен пристап до интернет само околу еден месец, по претходниот прекин што беше воведен за време на смртоносното задушување на антивладините протести во јануари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
19мин
-
19мин
-
29мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


