Интер му вети пет засилувања на Конте

EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

На состанокот со сопственикот Стивен Жанг, Антонио Конте доби потврда дека ќе остане тренер на Интер и за возврат ќе добие пет фудбалери со кои ќе ја нападне титулата наредната сезона.

Само еден од одлуката Антонио Конте да остане на клупата, се закопани воените секири и Интер се насочува кон трансфер пазарот. Сопственикот и претседател на „нероаѕурите“ Стивен Жанг се договори со Конте тој да остане на клупата, а за возврат управата предводена од Бепе Марота ќе биде активна на пазарот и ќе му донесат пет засилувања.

Конте инсистира на промени во одбраната, а по ангажманот на Ашраф Хакими, следен е бекот на Челси, Емерсон Палмиери.
Најверојатно ќе биде продаден Шкрињар, но Марота ќе се обиде да направи размена со Тотенхем и во замена за дефанзовецот ќе го донесе Тангуи Ндомбеле кој не го оправда епитетот на најскапо засилување во историјата на англискиот тим.

На местото на Мартин Шкрињар треба да пристигне дефанзивецот на Верона, Мараш Кумбула кој имаше одлична сезона.
Од заслувањата во средниот ред, освен Ндомбеле веќе е договорен Сандро Тонали но Конте сака физички посилни фудбалери и поради тоа инсистира да му биде донесен и Артуро Видал. Овој пат директорот Марота мора да ја послуша желбата на Конте и чилеанскиот репрезентативец ова лето да пристигне на „Џузепе Меаца“.

Хакими, Емерсон Палмиери, Тонали, Видал, Ндомбеле и Мараш Кумбула според Конте се доволна гаранција дека Интер во наредната сезона ќе го нападне трофејот во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот