Фото: Инстаграм

Инспекторите откриваат што се е пронајдено во „салонот на ужасот“ на Олгица Маркановиќ

Инспекторатот на Република Српска го затвори салонот на Олгица Маркановиќ во Бања Лука, а за незаконската работа детално е информирано и обвинителството, потврдено е за порталот Српскаинфо.

Акцијата на инспекторите следеше откако тие добиле пријава во која се наведува дека Олгица Маркановиќ, претседателот на Здружението „Мадеротерапија“, вршела естетски зафати и интервенции на клиентите, на кои им нанела трајни последици преку оштетување на кожата и ткивата.

– Постапувајќи по пријавата, инспекторите во март оваа година извршија вонреден инспекциски надзор во Здружението „Мадеротерапија“, Бања Лука и беше утврдено дека се пронајдени медицински помагала, чијашто употреба е дозволена само во здравствените установи – рекоа од инспекторатот на РС за Српскаинфо.

При контролата во салонот на Маркановиќ, биле пронајдени осум потпишани согласности на лицата кои дале согласност за вршење ласерско подигнување со плазма пена, како и рачно водена евиденција за лица, одредени цени на услугите и датуми на посети.

Целосниот случај беше доставен до Окружното јавно обвинителство во Бања Лука во мај годинава со цел утврдување на кривичната одговорност на Олгица Маркановиќ.

Унаказени се 11 Србинки во салонот на уапсената Олгица Маркановиќ: Се претставувала како „козметолог-едукатор“ и „претседател на естетиката“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот