Инспектори излегле да фаќаат паркирани во зеленило на „Коце Металец“, изрекле само опомени
Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефановски, информира дека инспектори на општината излегле на терен за да откриваат автомобили паркирани на јавни зелени површини долж улицата „Коце Металец“ во населбата Железара, но не изрекувале казни, туку само опомени.
Препорачано
Акцијата е спроведена согласно Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред на Општина Гази Баба, со цел заштита на јавните зелени површини од узурпација и оштетување.
Од општината апелираат сопствениците на возилата да ги отстранат во предвидениот рок, во спротивно ќе следуваат соодветни прекршочни санкции во согласност со законските прописи.
„Зелените површини се белите дробови на нашата заедница и мора да ги чуваме“, порача Стефановски, најавувајќи дека ваквите контроли ќе продолжат и во другите населени места со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните. објави Скопје1.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
52мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


