Иниеста ќе го напушти Висел Кобе, но тука не ја завршува кариерата

фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Андрес Иниеста, славниот 39-годишен шпански фудбалер и поранешен член на Барселона, објави дека го напушта јапонскиот прволигаш Висел Кобе, но дека сè уште нема да ја заврши кариерата.

Иниеста, кој овој месец го прослави 39 роденден, го напушта клубот поради тоа што игра сè помалку, но најави и дека нема намера да стави точка на одличните играчки години.

– Мојата желба беше да се пензионирам во Висел Кобе. Сепак, се случија некои работи на кои не можам да влијаам. Играм сè помалку и тренерот има некои различни идеи. Го напуштам клубот, но сепак планирам и натаму да играм – изјави Иниеста, кој за овој тим од 2018 година, кога дојде во Јапонија, има постигнато вкупно 26 гола и асистираше 25 пати. По 14 кола, Висел Кобе е водечки тим во локалната Ј1 лига.

Инаку, Висел Кобе беше само вториот тим на Иниеста во неговата професионална кариера. Од 2002 до 2018 година беше член на Барселона, со која ги имаше најголемите успеси.

За шпанската репрезентација одигра 131 натпревар и постигна 13 гола. Посебно за паметење е оној во финалето на Светското првенство во 2010 година, кога неговата Шпанија со тој погодок во 116 минута ја победи Холандија со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот