Информациите за смртта на Ким Џонг Ун предизвикаа паника во Северна Кореја – продавниците испразнети

Најосновните намирници во продавниците во Пјонгјанг веќе ги нема, владее недостаток на луксузни добра како алкохол и електроника, но прво ги снема увозните артикли, пишува „Вашингтон пост“.

Јон Санг-ун, шеф на Комисијата за надворешни работи и Комитетот за обединување претсетава на итен состанок на експертите во Северна Кореја околу шпекулациите за здравјето на лидерот Ким Јонг-ун во Соеул, Јужна Кореја / 27 април 2020. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Хеликоптери прелетуваат ниско над Пјонгјанг, велат извори за „Вашингтон пост“, а железничкиот сообраќај е пореметен.

Ваквата ситуација е последица на информациите дека Ким Џонг Ун починал по операција на срце, а во државните медиуми нема никаква информација за него или неговата здравствена состојба од 11 април.

Според некои претходни извештаи, тој по операцијата се наоѓа во вегетативна состојба, додека некои други пишуваат дека веќе е мртов.

Шпекулациите за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун започнаа кога тој не се појави на една од најважните државни настани, одбележувањето на 108 години од раѓањето на Претседателот Ким II Сунг – таткото на Северна Кореја и дедото на Ким . Манифестацијата се одржа на 15 април / Пјонгјанг, Северна Кореја, 15 април 2020 година /EPA-EFE/KCNA

Јапонските и јужнокорејските весници во повеќе наврати пишуваа за смртта на неговиот дедо, Ким Ил Сунг како и за неговиот татко, Ким Џонг Ил со години пред ттие навистина да умрат.

И Ким Џонг Ун во 2014 година прерано беше прогласен за мртов, откако шест недели се немаше појавено во јавност.

Меѓутоа, според информациите на државните медиуми, Ким наводно вчера испратил особена благодарност до градежните работници ангажирани на големи проекти.

Како што пренесува „Скај Њуз“ Мунг Чанг-ин, главниот советник на јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин, е еден од ониже што тврдат дека сепак Ким Џонг-ун е жив.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната 
владетелка на Северна Кореја?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот