Индустриското во ноември со пад од четири отсто, за 11 месеци годинава пониско за 10,6 отсто

Според објавените податоци по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7  отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2  отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.

Индустриското производство во ноември 2020 година бележи пад од 4 отсто во односна ноември лани, а во периодот јануари-ноември 2020 во однос на тој период 2019 година има намалување од 10,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7  отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2  отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кајТрајни производи за широка потрошувачка за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто, додека пораст бележи кај Енергијаза 3,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4 отсто и Капитални производи за 0,8 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот