Имотот на Самсоненко се запленува поради приватни должничко-доверителски односи

сергеј самсоненко
Сергеј Самсоненко, Фото: Архива

Извршителот Никола Богатинов на 26 ноември пријавил дека од уделот на бизнисменот Сергеј Самсоненко во компанијата „Сис Инвест Груп“ има налог за запленување на имот од 9,5 милиони евра, објави „Фактор“.

Извршителот Богатинов во изјава за „Слободен печат“ вели дека станува збор за предмет од приватни должничко-доверителски односи.

– Станува збор за приватни должничко-доверителски односи и јас како извршител, согласно закон, не смеам да откривам податоци за кој предмет станува збор-кусо ни одговори Богатинов.

Во 2019 година пак, медимумите информираа дека е отворена стечајна постапка за фирмата „Сис инвест груп“ и дека се јавиле 14 доверители кои побаруваат вкупно 9,5 милиони евра. Тогаш, изјави во јавност даваше и Самсоненко кој тврдеше дека има сомнеж за организирана шема со цел превземање на неговиот имот.

Фирмата „Сис инвест груп“ ги поседува недоградениот хотел „Мериот Кортјард“, невселениот Офицерски дом, како и недоградената Руска црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот