Фото: BDS, YAY Media AS / Alamy / Profimedia

Имате навика секогаш да ја миете косата пред спиење? Еве што велат експертите за тоа…

Миењето на косата пред спиење не е добра идеја, особено од здравствени причини.

Иако многумина веруваат дека ова е мит, спиењето со влажна коса може да биде ризично.

Во продолжение прочитајте ги трите причини поради кои треба да ја промените оваа лоша навика.

Ризик од настинки и габички

Габичките се развиваат побрзо во влажни места. Поради тоа треба добро да ја исушите косата на воздух (доколку е топло) или со фен.

Вкочанет врат

Ако спиењето на грб е вашата омилена положба во текот на сонот, најдобро е да избегнувате да си легнувате со влажна коса.
Влажната коса може да го излади вратот и горниот дел од грбот, што ве изложува на ризик да се разбудите наутро со вкочанет врат.

Оштетување на косата

Спиењето со влажна коса може да доведе до долгорочно оштетување, бидејќи влажната коса е кршлива и склона кон кршење.

Следниот пат, погрижете се да ја исушите косата или одложете го миењето за период во кој имате повеќе време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот