Имал 317 кг и му се заканувала смрт – Решил да го сврти животот наопаку и ослабнал 127 кг

Американецот Сал Парадизо тежел 317 кг кога решил да го сврти животот наопаку, да ослабне и да се погрижи за своето здравје.

Откако лекарите го предупредиле дека дебелината може да го убие до 40-тата година, Сал целосно ја променил исхраната, која дотогаш се состоела од дури 10.000 калории на ден.

Со промена на исхраната и со вежбањетo, Сал успеал да изгуби 127 килограми, а потоа се подложил на баријатријска, хирургија па изгубил уште 88 килограми.

Тој денес има 102 килограми.

– Кога бев најдебел, седев дома по цели денови. Почнав да чувствувам здравствени проблеми. Бев затвореник во сопственото тело. Знаев дека ако сакам да ја доживеам 40-тата година од животот, морав целосно да го сменам животниот стил. Мојата исхрана беше ужасна, јадев хамбургери и помфрит со газирани сокови за секој оброк. Сфатив дека некогаш сум јадел 8.000 калории само за ручек. Прескокнував појадок, но ручеците ми беа секогаш огромни. Јадев брза храна, хамбургери, чизбургери, тестенини, стекови, пилешко… И за вечера јадев нешто слично. Од внесот на околу 8.000-10.000 калории на ден, се префрлив на 1.200-1.500 дневно. Тоа беше храна со низок удел на јаглехидрати, без протеини и без леб – се сеќава Сал.

Во 2018 година се подложил на операција за отстранување на вишокот кожа пред камери, во една емисија. Со операцијата му биле отстранети 16 кг кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот