Фото: МИА / архива

Има загинати во несреќата кај Бигорски – автомобилот се извлекува од Радика, патот е затворен

Во несреќата во која попладнево автомобил со голема брзина излета од патот кај манастирот „Свети Јован Бигорски“ има загинати луѓе, а автомогилот се извлекува и поради тоа патот е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар е во прекин, поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната несреќа со загинати луѓе од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски“, се вели во соопштението од АМСМ.

Несреќата е пријавена нешто пред 16 часот, кога на местото веднаш се упатени полицајци од Ростуше, командирот на полициската станица, како и екипа од Територијалната противпожарна единица Гостивар со две возила и четворица пожарникари. Истовремено, интервенирала и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше, соопшти претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Засега нема официјални информации од МВР за несреќата и за жртвите.

Автомобил паднал во Радика кај Бигорскиот манастир, спасители итаат кон местото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот