Има едно од најпознатите презимиња на светот, но живее сосема поинаков живот: Која е Џина Марија Шумахер?
Џина Марија Шумахер, 28-годишната ќерка на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер (56), го роди своето прво дете. Таа и нејзиниот сопруг Иан Бетке добија девојче по име Мили, а среќната вест ја споделија на Инстаграм со црно-бела фотографија од рачето на нивното бебе. Во натписот на фотографијата, Џина напиша:
Препорачано
„Добре дојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“.
View this post on Instagram
Иако носи едно од најпознатите презимиња во светот на спортот, Џина Марија Шумахер си изградила свој пат далеку од светот на брзината и трките. Родена е на 20 февруари 1997 година, како најстаро дете на Михаел и Корин Шумахер (56). Додека нејзиниот помлад брат Мик (26) тргна по стапките на својот татко во Формула 1, Џина се заљуби во коњи, исто како нејзината мајка, поранешна светска шампионка во „вестерн“ јавање.
Џина е специјализирана за дисциплината „реининг“, а во 2019 година стана европска шампионка, што дополнително ја прослави во коњичкиот спорт.
Покрај спортските успеси, таа е позната и по тоа што приватниот живот го држи подалеку од медиумите. Сепак, таа повремено споделува моменти од нејзиното секојдневие на социјалните мрежи – без разлика дали станува збор за коњички натпревари, семејни фотографии или сега првите фотографии со нејзиното новороденче.
Во септември 2024 година, таа се омажи за Иан Бетке, а само три месеци подоцна, таа објави дека очекуваат ќерка. Џина и Иан се заедно седум години.
View this post on Instagram
Раѓањето на малата Мили донесе нова радост во семејството Шумахер, особено по тешките години кои следеа по несреќата на Михаел Шумахер во 2013 година. Тогаш Михаел настрада на скијање на француските Алпи и оттогаш е на домашна нега, далеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram


