Има 27 години и девет деца од четири различни мажи: „Треба да престанам да имам деца? Натерајте ме!“
Витини Дон, 27-годишна жена од Луисвил, Кентаки, стана глобален интернет феномен поради нејзината необична семејна приказна. Таа е мајка на девет деца кои ги добила со четворица различни мажи, а и покрај лавината критики на социјалните мрежи, таа не само што не жали за своите одлуки, туку со нејзиниот сегашен сопруг планира и десетто дете.
Препорачано
Нејзиниот живот, кој се одвива под будното око на јавноста, поттикнува жестоки дебати за модерното родителство, финансиската одговорност и правото на избор, пишува „Сан“.
Бремена речиси без престан од 16-годишна возраст
Патот кон мајчинството за Витни започнал многу рано. Првпат останала бремена на само 16 години, а оттогаш, како што самата вели, била бремена речиси секоја година. Денес нејзиниот дом е исполнет со смеа и врева од девет деца: најстариот Брендон има 10 години, по него следат Кинли (9), Намаја (8), Досон (7), близнаците Камбриела и Камден (5), Октавија (4), Лиам (3) и најмладиот Киус, стар само неколку месеци.
Нејзиниот животен пат е обележан со непрекинати бремености и грижа за децата, поради што целиот свој возрасен живот го поминала како домаќинка. Во едно од видеата кое стана вирално на платформата Тикток, таа ја откри хронологијата на своите бремености, што предизвика шок и восхит кај милиони гледачи.
На прашањето кога планира да се вработи, таа самоуверено одговара: „Можам да бидам домаќинка уште четири години, додека мојот најмлад син не тргне во градинка.“
Четири татковци и големо семејство како животен сон
Иако нејзината семејна структура за многумина е необична, Витни истакнува дека отсекогаш сонувала за големо семејство. Нејзиното трагање по љубов и стабилност ја водело низ неколку врски. По раѓањето на првото дете, таа стапила во врска со втор партнер кој го прифатил нејзиното дете како свое, а заедно добиле уште три деца.
Откако таа врска се распаднала, таа го запознала третиот маж со кого добила близнаци. Среќата на крајот ја пронашла со четвртиот партнер и сегашен сопруг, Вилијам. Тој е биолошки татко на нејзините три најмали деца, но Витни со гордост истакнува дека од првиот ден ги прифатил сите нејзини деца како свои.
– Вилијам го сакаше фактот дека имам толку многу деца. Беше прекрасно да се види некој што ги сака моите деца како да се негови. Од првиот ден беше неверојатен татко“, изјави таа во интервју за јутјуб канал „Трули“.
Според нејзините зборови, останатите татковци воопшто не се вклучени во воспитувањето на децата, а целата грижа и одговорност ја презеле таа и Вилијам.

Животот под лупата на јавноста: Од осуди до молби за помош
Отвореноста на социјалните мрежи ѝ донесе огромно внимание, но и лавина негативни коментари. Корисниците на интернет често ја осудуваат поради бројот на деца, различните партнери и финансиската состојба.
– Ми велат да ги држам нозете споени или ме прашуваат дали знам што е контрацепција. Еден од коментарите беше: „Зошто исфрлаш бебиња како да вадиш пари од банкомат?“ – раскажува Витни.
Но, таа на критиките одговара пркосно и решително. „Мислат ли дека со тоа ќе ме натераат да престанам да раѓам деца? Ќе им кажам само два збора: ‘Натерајте ме’“. Дури и нејзиното сопствено семејство ја предупредувало дека треба да застане, но таа тврди дека сè уште не е подготвена: „Еден ден ќе престанам да имам деца, но не знам кога ќе дојде тој ден.“
Сепак, животот со девет деца носи и практични предизвици. Еден од најголемите бил превозот. Семејството немало доволно големо возило за да можат сите заедно да патуваат. Затоа Витни повторно се сврте кон социјалните мрежи, но овој пат со молба за помош. Во низа видеа на Тикток таа ги замоли следбениците да ѝ помогнат да собере пари за поголемо комбе.
– Ова е 12-ти ден користење на заработката од социјалните мрежи за да си обезбедам поголемо возило за себе и моите деца. Не барам донации. Сè што барам е да го погледнете моето видео една минута, да ставите лајк, да коментирате со најмалку девет збора и да го споделите – објаснила таа.
Благодарение на ангажманот на следбениците, преку фондот за креатори на Тикток, успеала да собере почетни 1200 евра, а целта ѝ била да достигне околу 5000 евра за половен комби со 15 седишта. Поддршката што ја доби била огромна, а многумина во коментарите ѝ посакале среќа во остварувањето на целта.
Витни Дон продолжува да живее живот според сопствените правила, не обрнувајќи внимание на осудите. Нејзината приказна, иако контроверзна, сведочи за силата на мајчинската љубов и непоколебливата желба за големо семејство, дури и кога се чини дека целиот свет е против неа. Додека едни во неа гледаат неодговорна мајка, други ја слават како симбол на сила и храброст.
View this post on Instagram


