Им забрани на фудбалерите да користат Фејсбук и Инстаграм! (ВИДЕО)

twitter.com/Sportstz1

Првиот човек на египетскиот фудбалски клуб Замалек, Мортада Мансур им забрани на играчите да ги користат социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Ги собрал фудбалерите, и на итниот состанок им даде „наредба“ која доколку не ја почитуваат ќе мора да се соочат со последиците:

– На никој од вас не му е дозволено да има страница на Фејсбук. Изберете помеѓу Замалек и вашата страница на Фејсбук и Инстаграм. Кој ќе отвори страница на социјалните мрежи, ќе го казнам со половина од неговата плата и секој пат кога ќе објави објава (на Фејсбук и Инсаграм) ќе биде казнет – беа зборовите на Мансур, претседателот на египетскиот фудбалски клуб Замалек.

Стартуваше сезоната и во најсилната египетска фудбалска лига, после три одиграни натпревари Замалек е моментно на четвртото место со седум бода, два помалку од лидерот Ал Ахли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот