Илјаз: Многу ни значи титулата, клучни беа тимската игра, желбата, борбеноста!

Фото: zrkrkmetalurg.mk

По седум години пауза, шампионскиот пехар се врати во Автокоманда, женскиот ракометен клуб  Металург ја прославува својата четврта титула во првенството на Македонија.

Во еден краток разговор со голманот на ЖРК Металург, Амра Илјаз која ги сподели нејзините импресии од големиот успех на тимот и самиот тек на сезоната:

– Освоената титула којашто според целата ситуација во првенството, мислам дека и реално заврши во правилни раце. Уште од самиот старт нашата цел беше врвот и нашите цели насочени кон тоа да ја освоиме шампионската титула, бидејќи е многу значајна за нас како млада екипа која што допрва треба да реди уште поголеми успеси – ни изјави Илјаз.

Фото: zrkrkmetalurg.mk

Според чуварот на мрежата шампионската титула е заслужена, иако од друга страна главна конкуренција во битката за тронот гледаа во ЖРК Куманово.

– За моите настапи за ова првенство сум презадоволна, бидејќи имаме многу голем успех според тоа ако гледаме дека во целата сезона имаме три порази од кои два од екипата на Куманово која што исто така беше голем голем конкурент за оваа титула и еден од екипата на Струга. Така што, ако гледаме реално на работите, со три порази и едно реми заслужено ја освоивме титулата – додаде Илјаз.

Фото: zrkrkmetalurg.mk

Неколку важни фактори ја красеа играта на тимот, како клуч на патот кон остварување на целта, а секако тука нема да се застане со амбициите за во блиска и далечна иднина:

– Клучно за најдобриот пласман беше тимската игра, борбеноста, желбата и напорната работа која што ја внесовме сите заедно за на крајот да бидеме тие што ќе го подигнеме тој пехар. Воедно сакам да им честитам на моите девојки за поминатата преубава сезона, се надевам дека во следната ќе бидеме уште подобри и дека ќе направиме и добар успех во Европа – беа завршните зборови на ракометарката на ЖРК Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот