„Или предадете се или умрете“ – Трамп истура „Eпски гнев“ врз Иранците
Министерството за војна на Соединетите Американски Држави соопшти дека американската воена операција врз Иран е наречена „Епски гнев“, пренесе Ројтерс.
Препорачано
Минатогодишните американски воздушни напади врз нуклеарните постројки на Иран го носеа кодното име „Полноќен чекан“.
Претседателот Доналд Трамп во видео објавено на социјалните мрежи изјави дека САД започнале „големи борбени операции во Иран“, бидејќи Техеран продолжил да ја развива својата нуклеарна програма и планирал развој на ракети со дострел до САД.
– Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени, а може да има и жртви. Тоа често се случува во војна. Но, ние го правиме тоа сега. Го правиме тоа за иднината и тоа е благородна мисија – изјави Трамп во видеото.
Трамп апелираше до иранскиот народ „да ја преземе власта“.
Тој ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и вооружените сили на Иран да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“.
Тој рече дека нападите првенствено се извршуваат од носачи на авиони стационирани во регионот на Блискиот Исток.
BREAKING:
Israel is currently striking Iran’s capital, Tehran. pic.twitter.com/xQ3lZSQm5h
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) February 28, 2026
Се очекува на американските граѓани да им се обрати и министерот за војна на САД, Пит Хегсет.
Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека освен во Техеран, експлозии имало и во градот Исфахан во централен Иран, како и во западната покраина Илам, во близина на границата со Ирак.
Во меѓувреме, Иран започнал контранапад со повеќе од 30 ракети, а последиците од ударите сè уште не се откриени.
Во Иран целосно е исклучен интернетот.


