Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Илегални мигранти од Белорусија ја преплавија Литванија – прогласи вонредна состојба

Литванија прогласи вонредна состојба поради приливот на илегални мигранти од Белорусија.

Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаит рече дека мерката не е воведена од безбедносни причини, туку заради поефикасно управување со миграцијата.

„Многу е важно да имате правен систем и инструменти за да можете брзо да донесувате одлуки како одговор на новите предизвици”, рече таа.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека земјата ќе ги намали граничните контроли за мигрантите без документи, како одговор на санкциите наметнати на Белорусија од страна на Европската унија. 

Воени шатори поставени на литванска страна на границата со Белорусија/ Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

ЕУ воведе дополнителни санкции кон Белорусија откако тамошните власти уапсија опозициски активист во Минск, каде авионот со кој леташе беше присилно приземјен поради предупредување за бомба.

Литванската влада воведе вонредна состојба откако во последните неколку дена над 150 мигранти илегално ја минаа литванско-белоруската граница.

Бројот на притворени мигранти на границата е трипати поголем од порано, соопштија литванските власти.

Повеќето од овие мигранти претходно побарале азил во Литванија, а меѓу нив има и Авганистанци, Камерунци, Ирачани и Сиријци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот