Иларио ди Џовамбатиста: Вестите за Синиша Михајловиќ насекаде се целосно лажни

Синиша Михајловиќ повторно е на лекување против леукемијата/фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Битката на Синиша Михајловиќ со леукемијата трае веќе три години, а во последните неколку дена има нови компликации. Сепак, не е нè така драматично како што пренесуваат медиумите.

Претходните денови од објавите на италијанските медиуми можеше да се насети дека ситуацијата е влошена, но некои медиуми во четвртокот отидоа чекор понатаму, па добивме бомбастични наслови дека лекарите се борат за животот на српскиот тренер.

Семејството не се огласува, ниту самиот Михајловиќ, кој од почетокот на битката со болеста секогаш бил искрен и јавно зборувал за нè што се случувало. Се разбира, кога можеше да го стори тоа и кога самиот мислеше дека е време.

Лоши вести од Италија: Се влошила состојбата на Михајловиќ, го чека најтешката битка!

По повод ваквите пишувања, директорот на РадиоРадио, Иларио ди Џовамбатиста објави:

– Во 11:53 часот состојбата на Синиша беше стабилна. Вестите што можете да ги видите насекаде се целосно лажни. Вистина е дека состојбата му се влоши во изминатиот период. Но, со него се неговите најблиски кои му даваат утеха. Тоа што толку брзате да објавите лоши вести е навистина некултурно – објави Ди Џовамбатиста во средата.

А во четврток да се надоврзе со нова објава:

– Добив многу пораки со барање да се распрашам за состојбата на Синиша. Јасно ми е дека тоа го правиш од почит кон човекот и шампионот. Но, соодветно е неговото семејство да објави сè. Вчера морав да пишам за да ги замолчам тие што немаат мерка. Ноќта заврши, држи се Синиша – пишува директорот на „РадиоРадио“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот