Фото: PickPic

ИЈЗ: Водата во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна, не содржи тешки метали

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска соопшти дека се целосно завршени анализите на мострите вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“, при што физичко-хемиската и микробиолошката анализа покажале дека водата е во рамките на референтните вредности и не содржи тешки метали.

Од претходно анализираните мостри храна и работни површини од училиштето, утврдено е присуство на фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на повеќе површини во кујната и училиштето, што укажува на нарушени хигиенски услови.

Десетици ученици се затруле со храна во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“

Од седумте примероци биолошки материјал земени од деца со симптоми, шест биле позитивни на Norovirus, соопштува ИЈЗ.

ИЈЗ информира дека приправни и дежурни екипи продолжуваат да работат и во текот на викендот, со цел брза и точна анализа на сите пристигнати мостри од училиштата.

За дополнителните мостри од уште девет училишта, ИЈЗ соопшти дека јавноста ќе биде известена во понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот