Играчи кои беа богати и пред фудбалот да им донесе милиони

Твитер / Принтскрин

Примањата на фудбалерите кои настапуваат во најдобрите екипи ширум светот, со години предизвикуваат контроверзи и многубројни расправи.

Глобална анкета за платите на спортистите покажа дека просечната плата на фудбалер во Премиер лигата изнесува 61.024 фунти, додека на годишно таа изнесува околу три милиони фунти.

Поради големите плати, добар дел од фудбалери не ни сонувале дека ќе се најдат во одбраниот круг на многу богати луѓе. Но, фудбалери како Уго Лорис, Жерар Пике или Патрик Бамфорд беа богати и пред да станат професионални фудбалери.

УГО ЛОРИС

Голманот на Тотенхем и на француската репрезентација го добил името по славниот писател Виктор Иго. Уште од детството Лорис живее лагоден живот бидејќи мајка му Мари е успешен адвокат, додека татко му Лук е банкар.

РОБИН ВАН ПЕРСИ

твитер

Холанѓанецот освен што беше еден од најдобрите напаѓачи на светот беше и еден од најелегантни и најкреативните фудбалери. Тоа воопшто не чуди бидејќи неговите родители се уметници. Татко му Боб е скулптор, додека мајка му Џоси Рас е сликарка и дизајнерка на накит.

ЖЕРАР ПИКЕ

твитер

Пике е член на Барселона и со каталонскиот клуб освои се што можеше да се освои, а дека е успешен човек доказ е и тоа дека сопруга му е популарната пејачка Шакира.
Таткото на Жерар, Жоан е правник и бизнисмен, додека мајка му Монсерат е директорка на болница. Неговиот дедо, Амадор Бернабеу е поранешен директор на Барселона.

ПАТРИК БАМФОРД


Бамфорд е поранешен фудбалер на Челси кој сега е соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Лидс. Бамфорд е роднина на основачот на компанијата JCB и бизнисмен, Џозеф Бамфорд.

МАРИО ГЕЦЕ

твитер

Таткото на Марио, Јирген Геце е професор во технолошкиот факултет во Дортмунд, а во 1990-тите години беше член на информатичкиот оддел на престичниот американски универзитет Јејл.

АНДРЕА ПИРЛО

твитер

Пред Андреа да стане еден од најдобрите светски фудбалери, семејството Пирло беше познато по неговиот татко. Во Бреша во 1982 година основа компанија за трговија со челик која е меѓу најуспешните во Италија.

ОЛИВЕР БИРОФ

твитер

Таткото на Оливер, Ролф Бироф е шеф на компанија чија дејност е трговија со енергенси.

ЏАНЛУКА ВИЈАЛИ

твитер

Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Челси и Сампдорија детството го помина во замок со дури 60 соби. Неговиот татко е милионер, а Џанлука и сега редовно оди во замокот во близина на Кремона.

ФАИК БОЛКИАХ

твитер

Иако многумина не го слушнале името на Фаик Болкиах, тој е најбогатиот фудбалер. Фаик е внук на султанот од Брунеи и неговото богатство се проценува на дури 20 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот