Идната недела се решава судбината на Ериксен, ќе дознае дали смее да игра фудбал

Кристијан Ериксен/ фото: EPA-EFE/Claus Bech

Данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен, наредната недела ќе пристигне во Милано на нови детални лекарски прегледи.
Фудбалерот на стартот од Европското првенство колабираше на теренот, лекарите повеќе од 20-тина минути се бореа за неговиот живот и на крајот успеаја да го спасат иако докторот на данската репрезентација подоцна за медиумите изјави дека срцето на Ериксен престанало да чука на неколку секунди.

 

Потоа на Ериксен му беше вграден дефибрилатор кој ја контролира работата на срцето поради што неговата фудбалска иднина е неизвесна.
Пред неколку дена му беше кажано дека нема да може да игра во Серија А бидејќи фудбалската федерација на Италија пред пет години одлука според која сите играчи кои имаат вграден дефибрилатор нема да смеат на настапуваат на терените во Италија.

Ериксен не се откажува, има желба да  продолжи да игра фудбал и поради тоа идната недела уште еднаш ќе му бидат извршени детални лекарски прегледи, како општ така и кардиолошки по што ќе биде донесена конечна одлука дали Данецот ќе може да игра фудбал и понатаму или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот