Идеален родител на постои, но овие знаци укажуваат дека сепак треба да го смените односот кон децата

Постојат неколку знаци што укажуваат на тоа дека не сте добри во улогата на родител.

Понекогаш навистина сме лош пример, а тоа не го ни забележуваме. Со помош на следниве примери откријте дали сте добар родител.

Ако детето намерно ве вознемирува додека работите, тоа е затоа што не сте доволно нежни кон него.

Вашето дете лаже ако сте претерувале со строгоста за неговите претходни грешки.

Кога ќе забележите дека детето не се залага само за себе, веројатно сте го дисциплинирале во јавност.

Дури ни присуството на браќата, сестрите, пријателите или роднините не е погодно за упатување на критики кон детето. Сторете го тоа додека сте сами со него.

Ако на детето му купувате сè, а тоа и натаму сака и зема работи кои не му припаѓаат, оставете го самото да одбере што сака.

Не ја отстранувајте секоја препрека наместо вашето дете.

Не го споредувајте вашето дете со други деца. Ако го правите тоа, може да стане љубоморно.

Ако забележите дека многу брзо се лути, повеќе фалете го бидејќи тоа смета дека го добива вашето внимание само кога ќе стори нешто лошо.

Не им викајте постојано на децата затоа што ќе се затворат во себе.

Не му наредувајте на детето, поттикнете го само да работи.

Ако вашето дете е невоспитано и безобразно, веројатно тоа го научило од своите родители или од околината.

Кога забележувате лошо однесување кај децата, станете свесни и за своето однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот