Ибраими ја напушти Шкендија, веќе има нов клуб во Грција

Бесарт Ибраими освои три шампионски титули со Шкендија/Фото: kfshkendija.com

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалскиот клуб Шкендија, Бесарт Ибраими официјално го напушти актуелниот македонски шампион.

34-годишниот напаѓач го носеше дресот на тетовските „црвено-црни“ од 2015 година и во тој период постигна 147 голови, со епитет „Кралот на головите“.

Со Шкендија освои три шампионски титули во 2018, 2019 и 2021 година.

Ибраими брзо пронајде нова средината, односно професионалната кариера ќе ја продолжи во Грција, поточно во редовите на Ксанти.

Овој клуб во новата сезона ќе настапува во втората грчка лига.

Пред да се пресели во Шкендија, беше дел уште од Влазрими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија Симферопол, Металурх Запорожје, Енозис Неон Паралимни и Ермис Арадипу. За најдобрата македонска репрезентација запиша вкупно 15 настапи.

– Младинска Лига на шампиони, Шкендија против Хајдук Сплит

Денеска со жрепка македонскиот фудбалски шампион Шкендија ќе игра против Хајдук Сплит од Хрватска во рамките од првото квалификациско коло во младинската Лига на шампионите.

Првиот натпревар ќе се игра на 29 септември, а реваншот е на 20 октомври во Хрватска. Победникот од тој дуел во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од пресметката Даугавпилс (Летонија) – Минск (Белорусија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот